Манчестер јунајтед до крајот на преодниот рок ќе мора да донесе напаѓач. Откако им птпадна комбинацијата со Саша Калајџиќ од Штутгарт, од клубот го контактирале Мауро Икарди, а „Атлетик“, тврди дека вчера клубот испратил понуда до Лестер за ветеранот Џејми Варди.
„Атлетик“ е сериозен медиум, не брка сензационализам, што на информацијата и дава посебна тежина. Манчестер јунајтед за 36-годишниот напаѓач нуди 15.000.000 евра.
Варди е легенда на Премиер лигата, и покрај тоа што во кариерата играше само во Лестер. Еден е од најзаслужните за освојувањето на титулата во сезоната 2015/16 кога постигна 24 гола.
За Лестер одигра 387 натпревари, постигна 164 гола и додаде 64 асистенции.