Крвав Ден на независноста во Чикаго – тројца избодени, десетици прегазени

Најмалку 16 лица се повредени во Чикаго при тепачка за време на традиционален огномет, што предизвикало паника и стампедо на прославата по повод 4 јули, Денот на независноста.

Портпарлот на полицијата, Ентони Гулјелми изјави дека три лица биле избодени за време а тепачката, а 16 се префрлени во болница бидејќи биле прегазени од луѓе кои панично бегале од местото на настанот, пренесе „АП“.

Засега не е познато дали некој е уапсен поради инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави