Малолетен моторџија настрадал во судир со автомобил, вчера во битолското село Кравари, информираше МВР.
Сообраќајната несреќа се случила околу 16.15 часот на улицата Гоце Делчев кога автомобил „Хјундаи гец“ со грчки национални ознаки, управувано од T.E.(59) од Грција се судрил со мопед „Јујунг“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од селото.
Во незгодата тешко бил повреден малолетникот кој бил пренесен во Клиничката болница во Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.