Реал Мадрид 14 сезони по ред нема пораз на воведниот натпревар од сезоната во Шпанското фудбалско првенство.
Избраниците на тренерот Карло Анчелоти синоќа во 1. коло извојуваа победа со пресврт над Алмерија на гостински терен со 2:1.
Последен пат „Кралевите” го започна шампионатот на Шпанија со пораз во сезоната 2008/09. Тогаш загубија на домашен терен од Депортиво (1:2).
Четиринаесет сезони без пораз во стартното коло е втор резултат во историјата на Примера.
Рекордот му припаѓа исто така на Реал Мадрид – 16 сезони од 1961 до 1976 година.