Брегу: Ситуацијата на Ромите на Западен Балкан не е розова

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка (СРС), Мајлинда Брегу, изјави денеска во Познан дека ситуацијата на Ромите во Западен Балкан не е розова и оцени дека декларацијата на западнобалканските влади за подобрување на положбата на Ромите е добар политички документ.

„Ситуацијата на Ромите во земјите од Западен Балкан не е розова, 12 проценти од бизнис-заедницата изјавиja дека не сакаат да вработат припадници на ромската популација, а еден од четворица луѓе не сакаат нивното дете да учи во исто одделение со Ромите“, им кажа Брегу на новинарите на самитот на земјите од Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес.

По панелот на кој Советот за регионална соработка ја претстави декларацијата со која владите на земјите од Западен Балкан ќе се обврзат во процесот на проширување на ЕУ да ги интензивираат напорите да се постигне целосна еднаквост и интеграција на Ромите, Брегу рече дека тоа е документ на владите во регионот кој ќе им даде насоки за решавање на ситуацијата на Ромите, но кој исто така ќе биде средство на граѓанското општество, медиумите и ромската заедница да ги надгледуваат институциите во Западен Балкан.

Декларацијата на партнерите од Западен Балкан за интеграцијата на Ромите во процесот на проширување на ЕУ ќе биде усвоена утре на состанокот на премиерите на Западен Балкан на последниот ден од Самитот во Познан.

Треба да знаете
Последни објави