Прочуената белградска индустриска пиварница (БИП), која е во сопственост на македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски, најверојатно набргу ќе биде затворена, јавува „Б92“.
Утрово, без најава 150 работници добиле откази, а што ќе се случува со останатите, засега е неизвесно.
„Овде е тотален хаос. Луѓето добија откази. Во тек се состаноци на кои ќе дознаеме што ќе биде со останатите. Никој не знае што ќе се случи“, велат од обезбедувањето на пиварnicата за „Б92“.
Наведоа дека состојбата е лоша веќе две години, а Јаневски кога го купил БИП во 2017 година, кога беше во стечај, им ветил дека ќе ја реши ситуацијата, но тоа не се случило.
„Македонецот вети дека ќе биде подобро кога дојде, а сега само заминува. Ништо не се знае“, вели соговорникот за телевизијата.
Новинарите се обиделе да стапат во контакт со администрацијата на БИП, но никој не се јавувал на телефонските повици.