Груевски: Одржувајте го автопатот, немој да го видам оштетен кога ќе се вратам!

Поранешниот премиер Никола Груевски, сега азилант во Унгарија преку својот Фејсбук профил го честиташе официјалното пуштање во сообраќај на автопатот Миладиновци-Штип, појаснувајќи дека истиот бил приоритетен проект на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во својот пост Груевски прави хронолошки осврт на реализацијата на проектот, а на крајот испраќа поздрави од Будимпешта и порачува дека обврска на власта треба да биде редовното одржување на патот за да не го види оштетен кога ќе се врател!

Инаку, по автопатот кој требаше да биде пуштен уште минатата есен, се вози од пред еден месец, а за утре од владата најавуваат свечена церемонија по повод официјалното пуштање во употреба на овој патен правец.

Автопатот е со должина од 47 километри, а почна да се гради во 2014 година.

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157510739637716

Треба да знаете
Последни објави