Првото големо дерби во Премиерлигата донесе интересен натпревар со четири голови, но немаше победник.
Челси во два наврати попладнево на „Стемфорд Бриџ“ имаше предност против Тотенхем, но на крајот не успеа да победи.
Се тргна од голот во 19 минута, кога Челси поведе преку новото засилување, Калиду Колибали, кој на асистенција од Кукурелиа, постигна гол за предност.
Со таа предност Челси замина на одмор, а Тотенхем успеа да изедначи дури во вториот дел, кога Хојберг постигна гол во 68. минута.
На тој гол, се случи и мал инцидент на тренерската линија, кога Конте во експлозијата на радост, за малку ќе се конфронтираше лице во лице со Томас Тухел. Тоа брзо се смири и натпреварот продолжи.
Челси повторно доаѓа до предност во 77. минута до 2:1, а овој пат стрела Џејмс. Тотенхем до крајот на мечот фрли се на една карта, уште еден гол за барем еден бод.
Кога сите мислеа дека натпреварот ќе заврши, Хари Кејн постигнува гол во 96 минута за 2:2, а Конте и Тухел добија втор жолт картон и всушност беа избркани од терен пред последниот судиски свиреж.
— unfortunate football moments (@unluckyfootie) August 14, 2022