Најдобар начин климатските промени да се задржат под контрола е да се засадат дрвца на уништените шумски површини кои зафаќаат површина голема колку САД, тврдат научниците и додаваат дека на тој начин би се неутрализирале две третини од емисиите на стакленички гасови кои ја загреваат планетата, а за кои е одговорен човекот.
Том Краутер, професор во „Краутер Лаб“, истражувачка група на Универзитетот ЕТХ во Цирих, повика стотици илјади луѓе кои годинава отсуствува од училиште или работа за да се приклучат на растечкото движење за борба против климатските промени, да почнат да садат дрвца или да ги финансираат таквите акции.
„Секое друго решение за климатските промени бара од сите нас да го промениме нашето однесување, или пак потребни се одлуки од политичарите кои можеби веруваат во климатските промени, а можеби не. Последната опција е научно открите кое се уште го немаме“, изјавил тој за „Ројтерс“.
Садењето дрвца со цел првично да се впие четвртина од јаглеродниот диоксид е амбициозна цел, вели Краутер додавајќи дека ова сепак може да се постигне ако се приклучат сите оние кои се загрижени за глобалното затоплување.
Научниците од „Краутер Лаб“ својата прва студија на оваа проблематика ја обиавија во четвртокот. Студијата објавена во стручното списание „Сајнс“ ја анализира максималната количина на јаглерод која може да се апсорбира, ако на сите достапни деградирани шумски површини повторно се засадат дрвца.
Најдобрите места за обнова на шумите се во тропските предели поради брзината со која таму растат дрвјата.