Норвешкиот фудбалски интеранционалец Ерлинг Халанд, со својот четврти хет-трик оваа сезона, беше трворецот на убедливата победа за Манчестер сити против Вулверхемптон (3:0). Гол-мајсторот Халанд буквално сам го победи Вулверхемптон и дојде до бројклата од неверојатни 25 гола за 19 меча од вкупно 20-те кола што се одиграа досега во англиската фудбалска Премиерлига. Половина од премиерлигашите имаат послаб голгетерски ефект досега од гол-мајсторото на актуѕелниот англиски првак Манчестер сити.
Халанд е незапирлив и веќе на сите им е јасно дека ќе биде најдобар стрелец сезонава, а многу близу е да ја заврши сезоната и со рекорден број на дадени голови, за да го надмине Алан Ширер и неговите 34 погодоци кои се рекорд во елитното друштво.
Норвежанецот досега е поефикасен од безмалку пола лига, на чело со гигантот Челзи зашто има повеќе дадени голови сам, одошто цели тимови. А, на листата на помалку ефикасни од Халанд покрај лондонските „сини“ се и Астон Вила, Кристал Палас, Нотингем Форест, Вест Хем, Вулверхемптон, Бормут, Евертон и Саутемптон.