Експлозијата на автомобил во југоисточниот дел на Турција, при што загинаа тројца Сиријци, е можен терористички акт, рече денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган додаде дека иследниците веќе биле на самото место во градот Рејханли, каде што се случила експлозијата, објави „Ројтерс“.
Агенциите пренесуваат дека експлозијата се случила поради предвремената детонација на елекот со експлозив што го носел еден од патниците во автомобилот.
Според нив, започната е истрага за да се утврди дали патниците во автомобилот имаат врска со терористичката групација, таканаречената Исламска држава.
„Ројтерс“ објави дека во Рејханли има илјадници бегалци од Сирија.