Претседателот на бордот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Џеват Исени, се пофали со скандалозна снимка, на која се гледа како на свадбена веселба се појавува со пиштол во појасот.
Снимката што ја објави телевизијата Канал 5, тој ја споделил самиот на социјалните мрежи и на неа јасно се гледа дека во појасот носи пиштол, иако според закон забрането е носење на огнено оружје на јавно место.
Џеват Исени, тврди дека пиштолот што го носел на појасот на свадбена веселба бил гасен пиштол.
„По објавата на Канал 5 демантирам дека пиштолов е тоа што тие мислат. Тоа е гасен пиштол, кој е само сигнален. Поседувам и уредна дозвола“, порача Исени.