Димитриевски: Ремито не е изненадување, лани победивме на „Камп Ноу“

Новокомпонираниот силен тим на шпанскиот фудбалски гигант Барселона се препна на стартот од новата сезона и тоа пред макењдонскиот чувар на мрежата Столе Димитиревски кој го брани голот на Рајо Ваљекано кој од „Камп Ноу“ си замина непоразени (0:0) на стартот од новата сезона.

Најголемиот виновник за нерешениот исход е македонскиот репрезентативен голман  Димитриевски кој имаше дури осум одбрани и беше прогласен за МВП на мечот. Ги откажа Левандовски, Дембеле, Рафиња и останатите „ѕвезди“ на каталонскиот гигант.

„Задоволство е да не се прими гол на натпревар против Барселона на „Камп Ноу“. Но, тоа не е изненадување затоа што лани ги победивме овде и токму тоа сакавме да го сториме повторно. Знаевме дека ќе доминираат на теренот, но останавме мирни во своето поле и знаевме како да се браниме, порача по мечот Димитриевски по натпреварот.

Треба да знаете
Последни објави