Во Атина е толку жешко што и Акропол е затворен

Голем дел од Европа врие под влијание на топлотниот бран кој ја зафати деновиве. Поради тоа, една од најпознатите атракции на континентот е затворена за време на најтоплите периоди од денот. Во Атина во овој периодот од годината температурите се движат околу 32 степени, но како што наведува Си-ен-ен во текот на оваа недела температурите се искачиле до 35,6 степени.

Поради тоа надлежните институции во Атина вчера одлучиле да го затворат археолошкиот локалитет за посетителите, бидејќи било премногу топло. Температурата во четвртокот достигнала до 35,6 степени.

Во средата посетителите биле советувани дека поради прогнозата на Националната метеоролошка служба, локалитетот ќе биде затворен за јавноста од 13 до 17 часот, доколку температурата надминува 40 степени.

Посетителите кои имаа билети за вчера беа советувани да се јават и да го презакажат терминот за посета на Акропол.

 

Треба да знаете
Последни објави