Тренерот на Наполи, Лучано Спалети, оцени ден по вчерашната победа над Салернитана (2-0) дека клубот од Неапол има голема шанса по повеќе од три децении да ја освои шампионската титула во Италија.
Наполи по 19. одиграни натпревари оваа сезона е првопласиран на табелата со 50. бодови, 12. повеќе од Милан на второто, и 13 шред Интер на третото место. Јувентус испадна од трката за титулата откако викендов беше казнет со одземање 15 бодови поради финансиски малверзации.
„Имаме голема шанса да го освоиме „Скудетото”. Мораме да се однесуваме на соодветен начин и не смееме да ги пропуштаме шансите кои ни се укажуваат. Потребно е да останеме мирни и фокусирани, да ја играме нашата игра”, изјави Спалети.
Наполи последен пат беше италијанскиот шампион во 1990 година.