Актуелниот шампион во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Шкупи, забележа победа во првиот настап од новата сезона во домашниот шампионат.
Чаирчани денес на домашен терен без поуспешни од Македонија ЃП со 2:1.
Трапановски и Цефас беа стрелци за Шкупи во 67 и 70. минута, за гостите од Ѓорче Петров погоди Скендери во 87. минута.
Утре во 2.коло од ПМФЛ се среќаваат:
Брегалница – Струга
Победа – Тиквеш
Работнички – Академија Пандев
Шкендија – Силекс.
Слободна е екипата на Скопје.