Меѓународен ден на земјоделски задруги

Со конференција на која ќе бидат доделени договорите за грантови, денеска во Министерството за земјоделство ќе биде одбележан Меѓународниот ден на земјоделските задруги.

На конференцијата ќе биде промовирана и избраната чадор-организација на земјоделските задруги во земјава, а ќе биде соопштен и нивниот главен фокус за престојните 18 месеци.

Ќе се дебатира и на темата „Земјоделски задруги – решение за пласман на земјоделски производи”.

Годинава мотото на Меѓународниот ден е „Задруги за достоинствена работа”.

Треба да знаете
Последни објави