Заврши 12-то издание на фестивалот Македонско културно лето во Пустец Преспа, Албанија во организација на Здружението „Сонце“ и Едмонд Сотир.
Од страна на жири комисијата предводена од актерот Жарко Димоски во присутство на новоизбраниот градоначалник Пали Колевски беа доделени награди на: НУ Театар Комедија, наградата за најдобра претстава на Фестивалот за претставата ,,Мечка” во режија на Димче Николовски. Актер на фестивалот е Васил Зафирчев за улогата на “Волкот” во претставата Црвенкапа на Театар Џинот од Велес. За најдобра актерка на фестивалот прогласена е Ана Левајковиќ за улогата на “Памина” во претставата Волжебната Флејта на Театар за деца и младинци од Скопје.