Новата сезона во шпанската фудбалска Ла Лига почна со изненадувачки резултат, пораз на Севилја на гостувањето против Осасуна од 2:1. Избраниците на тренерот Хулен Лопетеги одиграа под своите можности, не ги искористија шансите што ги создадоа и на крајот претрпеа пораз.
Авилја ја доведе Осасуна во водство по нецели девет минути игра, но Севилја израмни експресно, откако Рафа Мир ја затресе мрежата на домаќините.
Конечните 2:1 беа поставени од пенал, откако Папу Гомез неспретно реагираше во сопствениот шеснаесетник, а Ороз биеше прецизно од белата точка за огромни три бода за домашниот состав.
Ова беше прва победа на Осасуна на дуелите со Севилја уште од 2013 година.