Три лица, меѓу кои две деца, биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 19,45 часот на локалниот пат село Војник – село Клечовце.
Во несреќата учествувале „Форд Фокус“ управувано од М.Б.(24) од Куманово и „Мицубиши“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ј.Т.(52) од Кратово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле А.Т.(38) и сопатник на возраст од 11 години, а друг сопатник на 12 годишна возраст се здобил со телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош лицата биле пренесени во Клиничката болница Куманово за укажување на лекарска помош, а двете лица со здобиени тешки телесни повреди биле препратени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.