Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид Начо Фернандез би можел да се пресели во Севилја.
Според „El Chiringuito”, клубот од Андалузија бил во контакт со претставници на 32-годишниот Шпанец.
Самиот играч сака да остане во Реал Мадрид. Клубот од Мадрид подготвува предлог за продолжување на договорот.
Актуелниот договор на Начо е до 2023 година. Порталот „Trasnfermarkt” ја проценува вредноста на играчот на 7 милиони евра.
Минатата сезона Начо настапи на 41 натпревар и постигна три гола. Играчот на првиот натпревар од сезоната 2022/23, во средата во Суперкупот на УЕФА беше на клупата за резерви.