Станува реалност проектот брана на река Отиња во Штип, вреден 7.5 милиони евра, Владата предводена од СДСМ ја поддржа реализацијата, велат од владејачкиот СДСМ.
„Зборот важи! Проектот брана на река Отиња, кој граѓаните на Штип го чекаа 35 години конечно станува реалност. Како што најави премиерот Зоран Заев, Владата предводена од СДСМ ќе помогне во реализирање на овој капителн проект, вреден 7.5 милиони евра“, велат од СДСМ.
Станува збор за изградбата на брана со вештачко езеро, со корисен волумен од 3 милиони метри кубни вода. За граѓаните на Штип ова значи реализација на уште еден важен проект, кој отвора нови можности за развој на градот и околината, особено во делот на туризмот, угостителството, спортот и рекреацијата а дополнително ќе штити од поплави, велат од СДСМ.



