Пет автомобили на фудбалери и членови на стручниот штаб на аргентинскиот прволигаш Алдосиви се запалени, откако екипата доживеа уште еден пораз во првенството. Во натпреварот од 13. коло на аргентинската лига, Алдосиви гостуваше кај Годој Круз, загуби со 0:2 го забележа деветтиот лигашки пораз. Клубот во конкуренција на 28 екипи се наоѓа на претпоследното место на табелата, со само осум освоени бода.
Изгорените автомобили биле паркирани на паркингот на клубот во Мар де Плата, каде што играчите ги оставиле пред да заминат на гостувањето.
Автомобилите биле запалени неколку минути по завршувањето на натпреварот. И покрај тоа што пожарникарите експресно реагирале, пет автомобили целосно изгореле.
Клубот излезе со кратко соопштение во кое го истакна својот револт од вандализмот и порача дека насилството не е решение.
In #Argentina ‘supporters’ – barras – from 1st division club Aldosivi set on fire at least 5 cars owned by players and staff after a lost today. Team is 27th in standings (8pts after 13 games) @RobAbramowitz @GlennCrooks @ELROLONW @Alexparella @herculezg pic.twitter.com/CxRDeHhdrb
— John E. Rojas (@jrojasa75) August 12, 2022