Руски љубовници паднале од 9-тиот кат за време на секс на прозорецот, соопшти “Фонтанка.ру”. Според жителка на Санкт Петербург, каде се случила незгодата во петокот, по двојката од прозорецот паднал и телевизор. Соседката веднаш повикала полиција.
Жената починала. Мажот поминал со помали повреди и исчезнал од местото на трагедијата.
Според прелиминарната верзија младата дама се забавувала во друштво на четворица мажи во живеалиштето на 9-тиот кат, каде се леел алкохол. Потоа со еден од мажите имала секс на прозорецот.
Се верува дека двајцата ја изгубиле рамнотежата и паднале од деветтиот кат. Полицијата го испитува идентитетот на четворицата мажи.