Прогноза на изборниот резултат (exit polls) во Грција: Нова демократија во предност пред СИРИЗА

Нова демократија прва, СИРИЗА втора, Движење на промена трета е резултатот од објавените exit polls, односно проценките за изборниот резултат од агенциите за рејтинг во Грција, во соработка со грчките телевизии по пребројани 100%, јави дописничката на МИА од Атина.

Според конечните резултати од проценката на изборниот резултат, согласно излезните анкети, Нова деморкатија би била убедлив победник и тоа со доволен број гласови за сама да формира влада.

Приватните телевизии Скај, Стар, Антена, Алфа, One и Open и државната ЕРТ објавија заеднички exit polls во соработка со агенциите „Pulse”, „MRB”, „MARC”„Metron analysis” и „ALCO”.

Резултатите од exit polls за грчките телевизии се:

Нова демократија 38-41%

СИРИЗА 29-32%

Движење на промена 7-9%

Комунистичка партија на Грција 5-6%

МЕРА25 2,8-3,8%

Златна зора 2,7-3,4% Грчко решение 3,5-4.5 %

Во однос на распоредот на пратеничките места, проценките на агенциите, според 80% од преброени exit polls се дека Нова демократија добива доволен број пратеници за еднопартиска влада. Поконкретно:

Нова демократија 155-167 пратеници

СИРИЗА 77-82 пратеници

Движење на промена 19-22 пратеници

Комунистичка партија на Грција 16-19 пратеници

МЕРА25 8-14 пратеници

Грчко решение 0-13 пратеници

Златна зора 0-13 пратеници

Сепак, станува збор за проценки на агенциите за рејтинг, а не за официјални резултати.

Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое што е и надлежно за пребројување на гласовите, се очекуваат околу 21 часот по грчко време.

Треба да знаете
Последни објави