Македонската репрезентација составена од фудбалери до 18 години забележа пораз на втората контролна пресметка против соодветната селекција на Романија.
На вториот меч, домаќинот, Романија на тренинг центарот Буфтеа победи со 2:0. Головите беа постигнати во последните 10 минути од мечот.
Првиот контролен натпревар помеѓу овие две селекции заврши нерешено 1:1.
Селекторот Тони Јакимовски на овој натпревар шанса да настапат им даде на: Давид Стојановиќ, Давид Даиловски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Кире Стојанов, Зани Назифи, Адриан Зенделовски, Алекс Митров, Теодор Николовски, Абиола Бамијоко и Фикрет Ливорека.