Цветанов: Почина уште еден обвинет во ,,Змиско око“, правда уште нема

,Чекајќи ја ветената правда, почина уште еден наш соборец. Звонко Бојаровски од Тетово, притворан, суден и психички малтертиран во случајот ,,Змиско око”,  напиша на својот Фејсбук профил Ване Цветанов, поранешен директор на Агенција за перење пари и обвинет во случаот ,,Шпион“.

Цветанов пишува: ,,Случајот Змиско око е базиран на вештачење од вештак во 2007-ма година, а вештакот добил лиценца во 2010-та година.Што значи НЕЗАКОНСКО и непрофесионално вештачење. Врз база на вештачењата на квазивештакот беа апсени граѓани од случаите ,,Змиско око“ , ,, Калдрма“ и други случаи.
Случајот Змиско око сѐ уште се влече по судови, веќе 12 години, а Звонко е четврта жртва од овој случај која што почина ЧЕКАЈКИ ЈА ВЕТЕНАТА ПРАВДА“-вели Цветанов. ,,Огромен број на граѓани кои се жртви на режимот, маршираа за ПРАВДА. Друго не бараа.
За жал, се почесто се случуваат смртни случаи. Боли, боли да гледаме како творците на режимот, силувачите на правдата, како и слугите на режимот добиваат ,,Ослободителни пресуди”, а ВЕТЕНАТА ПРАВДА за жртвите на режимот е блокирана и се чува по фиоки…
Боли, многу боли, а тоа влијае на здравје.

Почивај во мир пријателе“-напиша Ване Цветанов.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2105805489712572&set=a.1483169715309489&type=3

Случајот ,,Змиско око“ 12 години нема завршница, а се однесува на обвинение за организиран криминал на патарините.

Треба да знаете
Последни објави