Моторџија тешко повреден по судир со автомобил

Моторџија бил тешко повреден откако со моторот што го управувал се судрил со автомобил, вчера во Скопје.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 13 часот на крстосница од улиците Втора Македонска бригада и Боро Менков.

Мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Л.(34) од Скопје и автомобил „цитроен Ц3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(47) од Скопје.

Од ударот со тешки повреди се здобил Г.Л. кој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави