Девојче во критична состојба откако татко ѝ ја оставил во презагреан автомобил во Хрватска

Четиригодишно девојче оставено во автомобил каде поради жешкото време дехидриралo веќе четири дена е во тешка состојба и во животна опасност, а против нејзиниот 33-годишен татко е поднесена кривична пријава, изјавија извори од истарската полицијата за хрватските медиуми.

„Не можеме во целост да ги соопштиме деталите за настанот, но можеме да потврдиме дека завршено е криминалистичкото истражување и дека до државното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријавa против 33-годишен хрватски државјанин под сомнение дека сторил кривично дело повреда на правата на детето“, изјави портпаролката на истарската полиција, Наташа Витасовиќ.

Четиригодишното девојче во четвртокот било оставено во презагреан автомобил во село во близината на Ровињ. Во возилото девојчето минало повеќе од два часа на висока температура, поради што ѝ се слошило, па веднаш била пренесена во болница.

Детето во моментов е со тешко нарушено здравје, а законот за такво кривично дело предвидува затворска казна од една до осум години.

Треба да знаете
Последни објави