Четворица вооружени разбојници ја ограбиле НЛБ Банка во Сарај

Четворица разбојници вооружени со огнонено оружје утрово ја ограбиле експозитурата на НЛБ Банка во Сарај, додека во банката имало повеќе клиенти. Разбојниците заканувајќи се со оружјето кон клиентите и вработените ги одзеле парите по што избегале.

Од Банката информираат дека во моментот на грбежот во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, кои се безбедни и во добра состојба.

„Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план“, велат од банката.

Од МВР информираат дека грабежот бил извршен околу 10.40 часот.

„Пријавено е дека во банка во општина Сарај четири лица извршиле разбојништво и со закана од огнено оружје одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета.

Полицијата во моментов врши увид на местото за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите.

Од НЛБ Банка додаваат дека средствата на клиентите се сигурни бидејќи банката има осигурување на целиот свој имот и средства.

Треба да знаете
Последни објави