Банката на Франција предвидува помал раст во вториот квартал од годината

Банката на Франција (БдФ) ги намали предвидувањата за францускиот раст во вториот квартал на 0,2 отсто (-0,1 поени), што е намалување во споредба со 0,3 проценти остварен во првите три месеци од годинава, во нејзината трета и последна проценка објавена денеска, јави дописникот на МИА.

Банката на Франција за одговорен го смета „значителниот” пад на индустриското производство во јуни, особено во автомобилската индустрија, гума-пластика-електроника и компјутери, се вели во соопштението на финансиската институција.

Од друга страна, во фармацевтската индустрија и производството на друга транспортна опрема, активноста остана позитивно ориентирана. Сепак, според БдФ, шефовите на претпријатијата очекуваат реприза на активностите во јули во сите сектори.

Во градежниот сектор, активноста, исто така, се намали во вториот квартал, „поради неповолните временски услови”, особено во големите градежни зафати. „Нарачките остануваат на високо ниво, но цените се зголемуваат”, наведува БдФ.

Во услугите активноста растеше „умерено”, по забавувањето на побарувачката. Таа и понатаму останува „одржана во транспортот, информатичката технологија и издаваштво”, вели Банката на Франција, која наведува дека шефовите на претпријатијата „очекуваати забрзување на активност во јули.”

Оваа проценка доаѓа во контекст на неизвесност за француската економија, која покажа отпор при глобалното забавување во текот на првиот квартал, но не го достигна нивото што го очекуваат некои економисти. БдФ прогнозира раст од 1,4 отсто во Франција оваа година, во споредба со 1,1 процент во просек за еврозоната.

Треба да знаете
Последни објави