Светски еврејски конгрес: Образованието за Холокаустот во американските училишта да биде задолжително

Светскиот еврејски конгрес (СЕК) бара од американските законодавци да го направат задолжително образованието за Холокаустот во сите училишта, наведувајќи ги статистиките од анкетата од 2018 година што покажува дека половина од припадниците на т.н. Генерација У не знаат да именуваат ниту еден нацистички концентрационен логор, пренесува РТ.

СЕК започна петиција за иницијативата до Конгресот на која досега има собрано 8.500 потписи. Петицијата укажува на порастот на антисемитизмот и предупредува дека ужасите на Холокаустот исчезнуваат од нашето колективно сеќавање, особено меѓу припадниците на т.н. Генерација У.

Ставот се заснова на статистичките податоци добиени преку Студијата за знаење и свесаност за Холокаустот од 2018 година, во која биле опфатени 1.350 Американци постари од 18 години и која покажува дека 49 отсто од припадниците на т.н. Генерација У и 45 отсто од возрасните не знаат ниту еден концентрациониот логор или гето во Европа за време на Холокаустот.

Студијата, исто така, открива дека 41 отсто од припадниците на т.н. Генерација У сметаат оти бројот на Евреи убиени во Холокаустот изнесува два милиони или помалку, а не шест милиони.

„Со образовниот акт „Никогаш повторно“ ќе создаде програма за грантови која ќе ја води Министерството за образование за да им обезбеди на наставниците обука и алатки за да ги научат учениците за Холокаустот и за реперкусиите што може да ги имаат омразата и нетолеранцијата врз нашето општество.

Треба да знаете
Последни објави