Запленувањето на иранскиот нафтен танкер од страна на Велика Британија е класично пиратство

Британското запленување на иранскиот танкер за нафта на крајбрежјето на Гибралтар е неприфатливо и е еднакво на пиратство, тврди иранскиот министер за одбрана, Амир Хатами, пренесува РТ.

Во говорот што емитуваше во живо на државната телевизија Хатами ги осуди заканувачките дејства што ги презедоа британските кралски маринци, опишувајќи задржувањето на иранскиот танкер морска кражба и рече дека Иран нема да го толерира таквото однесување.

Портпаролот на иранското МНР го повтори ставот на Хатами, опишувајќи го инцидентот како јасен случај на пиратство.

Во четвртокот британските маринци и полицијата на Гибралтар го запленија иранскиот супертанкер „Грејс 1″ на јужниот брег на Пиринејскиот Полуостров. Главниот министер на Гибралтар, Фабијан Пикардо, тврди дека бродот превезувал сурова нафта во Сирија со што ги прекршил санкциите на ЕУ врз Дамаск. Техеран го негираше обвинението, тврдејќи дека товарот на бродот не е наменет за Сирија.

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Сејед Абас Араки, изјави во неделата дека Британците немаат законско право да го запленат танкерот и дека Техеран се надева дека ќе го реши ова прашање со правни средства.

Еден од командантите на иранската елитна Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ), пак, предложи поинаков одговор на инцидентот, повикувајќи да биде запленет британски брод како одмазда ако иранскиот брод не биде ослободен.

Треба да знаете
Последни објави