Во невремето во Босна загина маж, а десетмина се повредени

Едно лице загина, а десетмина се повредени во невремето што вчера ја зафати областа Семберија во Босна и Херцеговина, потврдија локалните служби за цивилна заштита и итна помош во Бијелина.

Во невремето настрада 68-годишен маж кој се лизнал од покривот на кој се обидувал да ја поправи штетата што ја предизвикал силниот ветер придружен со силен дожд и град.

„Тој се лизнал, паднал и починал на лице место”, рече шефот на службата за цивилна заштита во Бијелина, Драго Ристиќ.

Уште десетина луѓе побарале медицинска помош за здобиените повреди, кои биле на отворено во моментот кога ги фатило невремето.

Оштетени се десетици куќи и станбени објекти, предизвикана е штета и на земјоделските насади.

Треба да знаете
Последни објави