Шкупи испадна од Лигата на Европа: Шамрок славеше и во Скопје

Со два порази од Шамрок Роверс, екипата на Шкупи го заврши својот пат во Лигата на Европа и сега ја очекува последната шанса за останување есенва во Европа, плеј-оф рундата од квалификациите за УЕФА Конференциската лига.

Македонскиот клупски фудбал не е на нивото ниту на ирскиот, ако се суди според двата натпревари на македонскиот шампион со Шамрок Роверс. Вечерва на арената „Тодор Проески“, Шкупи загуби со 1-2 од Ирците во меч во кој објективно гостите беа подобри, а на домашните не им помогна ниту поддршката од трибините.

Стрелци на головите за гостите беа Рори Гафни во 65. и Аидомо Емаку во 85. минута. Конечниот резултат го постави Адетунџи во судиското надополнување.

Ирскиот претставник славеше победа и на првиот дуел на домашен терен пред шест дена со 3:1 и со вкупни 5:1 оди во плејофот во Лигата на Европа.

Но, за чаирчани се уште постои реална надеж за европска есен.
Во плеј-оф колото за групна фаза во Конференциската лига, Шкупи ќе го чека лесен противник, подобриот од двомечот меѓу косовскиот Балкани и Класквик од Фарските острови. На првиот нивни меѓусебен дуел, Балкани на домашен терен славеше со 3-2, а реваншот на Фарските острови се игра во четврток.

Треба да знаете
Последни објави