Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ на големо изненадување, не само на спортската јавност во Србија одлучи да го пречкрта капитенот Милош Теодосиќ за претстојните натпревари со Грција и Турција во квалификациите за Мундобаскетот, како и за претстојното Европско првенство.
После тоа, искусниот организатор на играта -МВП на европскиот куп и човекот кој безброј пати во минатото ја израдувал целата нација ги собра соиграчите од репрезентацијата и приреди проштална забава на која присуствуваа соиграчите од репрезентацијата.
А хитот “Последниот боем“ кој најгласно се слушаше со познатите стихови: „Еден ден многумина ќе зажалат што го нема…“ овој пат беше отпеан поинаку. Слушнете сами.
Неговата посветеност на репрезентацијата никогаш не била доведена во прашање, па поради таа причина ова е изненадување, а тој не кометираше јавно за причините.
Популарниот Тео во изминатите неколку години беше главната оска на српската репрезентација, тој секогаш беше вистински генерал на теренот и некој кој со улогата на капитен водеше и произведе многу репрезентативци. Сега, сепак, ситуацијата ќе биде малку поинаква.
Искусниот плејмејкер кариерата ја започна во ФМП, а неговиот пат подоцна го одведе до Борац, Олимпијакос и ЦСКА, од каде се упати „преку барата“, каде го облече дресот на Лос Анџелес Клиперс, по што се врати во Европа во редовите на Виртус.
Години наназад се профилираше како еден од најдобрите плејмејкери на Стариот континент, а сега нема да биде во репрезентативниот ростер.