Пластичните шишиња никако не смеете повторно да ги полните со вода, еве зошто
Луѓето воглавно ги користат истите пластични шишиња од вода или сок, повеќе пати, не знаејќи дека тоа може да биде отровно. Меѓутоа некои амбалажи се наменети исклучиво за еднократна употреба.
На дното од секоја пластична амбалажа се наоѓа триаголник со број во средина, а под него е ознаката која ви открива колку е опасна пластиката која ја држите в раце. Ако шишето е наменето за една употреба не треба да го користите повеќе пати. Еве што значат ознаките…
ОВИЕ ШИШИЊА ФРЛЕТЕ ГИ ВЕДНАШ ПО УПОТРЕБАТА
Голем број пластични шишиња од обична, минерална вода, газирани и негазирани пијалаци ја имаат ознаката PET или PETE (број 1 во триаголникот). Важно е да знаете дека овие шишиња се наменети за еднократна употреба. Постои можност со секое ново полнење пластиката во водата да испушта тежок метал антимон, хемиско соединување ЕПА, кое го попречува дејствувањето на хормоните.
ОВИЕ ШИШИЊА СЕ БЕЗБЕДНИ
Оваа пластика ќе ги препознаете по ознаките HDP (или HDPE), LDPE и PP или по броевите 2,4 и 5. LDPE е вид пластика која најчесто главно не се користи за изработување шишиња, туку за ќеси за пакување продукти. HDP е исто така добар избор, како и РР која најчесто се користи за чаши за јогурт и е со бела боја.
ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЈА ОВАА АМБАЛАЖА
Тоа е пластика со ознаките PVC (понекогаш и ознака 3V), PS и PC (често и без ознаки) или по бројчињата во триаголникот – 3, 6 и 7.
PVC испушта две опасни хемикалии, кои го попречуваат работењето на хормоните во организмот. И покрај тоа, оваа пластика се користи за производство на шишиња.
PS во водата испушта канцерогена материја – СТИРЕН. Најчесто се користи за пластични чаши за кафе, за еднократна употреба или за амбалажа на брза храна.
PC (или без ознака – бр. 7) е најлоша пластика за амбалажа за прехранбени продукти бидејќи ја испушта опасната хемикалија BPA (Бисфенол А).