Македонскиотм фудбалски првак Шкупи вечерва (21 ч.) во Скопје го игра реваншот од 3. кавалификациско коло во Лига Европа против ирскиот Шамрок Роверс. По првиот меч македонскиот тим има негатива од два гола (1:3). Со триумф во двомечот Шкупи ќе обезбеди пласман во плеј офот за настап во групната фаза од Лига Европа.
Тренерот на чаирчани Гоце Седлоски најавува голема борба им анулирање на предноста на противникот.
-Играме против квалитетен противник, но ние имаме самодоверба и мотивација, дефинитивно ќе играме да победиме. Ги повикувам навивачите, кои се наш дванаесетти играч да бидат со нас до крајот – порача Седлоски.
Доколку Шкупи успее да го мине Шамрок, во плеј –офот во ЛЕ ќе игра против Карабах или Ференцварош, во спротивно го очекува плеј – оф во ЛК ќе игра против Балкани или Клаксвик.
Како и на претходните средби кои беа важни за македонскиот клупски фудбал, и оваа вечерва на Шкупи со Шамрок нема да биде емитувана на ниту една ТВ во Македонија, а пренос ќе има на Суперспорт од Албанија.