Портпаролот на Меј: Амбасадорот на Велика Британија во Вашингтон останува на должноста

Британскиот амбасадор во Вашингтон, Ким Дерок, останува на должноста и продолжува да ги извршува своите обврски со целосна поддршка од страна на британската премиерка, Тереза Меј, изјави денеска нејзиниот портпарол.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не сака повеќе да соработува со британскиот амбасадор по протекувањето на доверливи дописи во кои дипломатот ја опишал администрацијата на Трамп како неспособна, пренесе „Ројтерс“.

„Ким и понатаму ја има целосната поддршка на премиерката. Тој продолжува да ја извршува својата должност со целосна поддршка на премиерката“, изјави портпаролот, додавајќи дека Меј повторила пред министрите оти протекувањето на информациите е неприфатливо.

Треба да знаете
Последни објави