Новиот гол-играч на актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити, Норвежанецот Ерлинг Халанд на дебито во Премиерлига блесна со двата гола во Лондон против Вест Хем (2:0) и им донесе победнички старт на „граѓаните“ во одбраната на титулата.
Халанд реши сѐ и беше пресуден со по еден гол во двете полувремиња, прво во 36-та изнуди пенал и го реализираше за водство, а потоа во 65 ја зголеми предноста.
Сити најави дека сезонава останува прв фаворит за нова шампионска круна, а од големата шесторка први киксови направија Ливерпул со ремито 2-2 против Фулам, како и Манчестер јунајтед, кој загуби од Брајтон со 1-2.
????⚪️ GOAL!
Erling Haaland gets his second goal of the game for #ManchesterCity
West Ham United 0 – [2] Man. City#WHUMCI | #MCFC
https://t.co/VHcD1GKbKl— Follow @fast_footygoals (@footygolazos) August 7, 2022