Витаминот Е е моќен антиоксиданс кој ги штити сите ткива во телото од оштетување, а со тоа позитивно делува на кожата и ги намалува знаците на стареење. Овој витамин помага во борбата против слободните радикали кои настануваат поради штетните ефекти на УВ зрачењето и загадувањето. Слободните радикали ја слабеат заштитната бариера на кожата поради што кожата е поподложна на појавата на брчки и нерамни текстури.
Витаминот Е исто така дејствува хидратантно – го хидрира површинскиот слој на кожата со што се намалува изразувањето на брчките. Истражувањата исто така покажале дека витаминот Е ја подобрува еластичноста на кожата и ја олеснува пигментацијата. Бидејќи делува како антивоспалителен и хидратантен, овој витамин исто така ја забрзува регенерацијата на кожата, заздравувајќи ги раните и лузните.
За најдобри резултати, витаминот Е можете да го нанесете локално, т.е. директно на кожата, после чистењето на лицето, а пред хидратантна крема и заштита од сонце. Во парфимериите и аптеките обично може да се најде масло со витамин Е, но може да отворите и капсули и маслото од нив директно да го измасирате на кожата на лицето. Кога станува збор за намирници кои можете да ги јадете за да го зголемите внесот на витамин Е – со овој витамин најбогати се семките од сончоглед, бадеми, кикирики, лешници, какао и растителни масла како што е масло од пченица, сусам и сончоглед. Добар извор на витамин Е се и маслиновото масло, авокадо и јајца.