Салвини го затвори најголемиот центар за мигранти во Европа

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска го затвори центарот за мигранти на Сицилија, кој го опиша како најголем во Европа, истакнувајќи дека приливот на мигранти е намален откако тој стапи на должност пред една година.

Салвини рече дека за една година бројот на мигранти во центрите е намален од 182.000 на 107.000.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, оваа година во Италија пристигнаа 3.073 мигранти, додека во истиот период минатата година тој број изнесуваше 17.000, а во 2017 година – 85.000.

Салвини не дозволува хуманитарните спасувачки бродови да се сместат во италијанските пристаништа, но и покрај тоа некои бродови со мигранти и натаму доаѓаат во Италија.

Треба да знаете
Последни објави