Специјалците на МВР ги спасија параглајдеристите што паднаа на Галичица

Специјалците на МВР ги спасија двајцата параглајдеристи кои попладнево паднаа на падините на Галичица од албанска страна, потврди МВР за МИА.

Веднаш е стапено во контакт со албанската полиција и со договор е испратен хеликоптер на нашето МВР. Испратени се и припадници на Единицата за специјални задачи кои ги спасиле параглајдеристите и ги однеле во болницата „Св. Еразмо”.

Се работи за машко и женско лице од Украина.

Треба да знаете
Последни објави