Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за патни исправи на БиХ, со кој се предвидува дека лицата кои не платиле алиментација не може да добијат пасош на БиХ и дека на такви лица може да им се одземе веќе издадениот пасош, денес е во собраниска процедура.
Со предложените измени и дополнувања на Законот значително се заострува третманот на лицата кои ги избегнуваат обврските кон своите деца, бидејќи издавање на пасоши нема да биде можно ако сите тие обврски не се исполнети, а во такви ситуации ќе биде задолжително и одземање на веќе издаден пасош.