По првата победа на ЕП, јуниорите денеска против Хрватска за опстанок во А-дивизијата

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија ја оствари првата победа на Европското првенство до 18 години А-дивизија што се одржува во Измир, Турција. Избраниците на селекторот Тони Симиќ со 65:62 ја совладаа Црна Гора и утре ги очекува пресметка со Хрватска за опстанок во А-дивизијата.

Младите кошаркари одиграа добро во првото полувреме кое го добија со седум поени (32:25) иако имаа и двоцифрена предност.

Но, во второто полувреме, сосема поинаква слика, играта на јуниорите беше далеку од добра за нашата јуниорска селекција, а многу работи тргнаа кон лошо откако Теодор Симиќ ја доби четвртата лична грешка по која мораше да седне на клупата за резерви. Без нашиот највисок играч во одбраната, Црногорците полесно го пронаоѓаа патот до противничкиот кош. Го искористија тоа да направат пресврт со серија од 14:24 за водство од 56:59.

Сепак, во финишот Симиќ беше вратен во игра, ризикот се исплатеше и Македонија успеа да слави. Прво по поените на Шошкиќ, Македонија измрани на 59:59, а потоа и поведе со 61:59 иако Симиќ ја доби петтата лична грешка.

Шошкиќ во продолжени погоди за 64:62 на 55. секунди до крајот на натпреварот, а во следнот напад Башоски реализаира едно од двете слободни фрлања за 65:62, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Андреј Шошкиќ беше најефикасен со 16 поени, а зад него беа Теодор Симиќ со 13 поени и 14 скока, Петар Бошалески со 13 поени и Тома Стојаноски со 10 поени и 10 скока.

Јуниорите утре од 12.45 часот ги очекува дуел со Хрватска за опстанок во А-дивизијата.

Треба да знаете
Последни објави