Моралот на францускиот судски систем се најде под жестоки критии откако ѝ наложи на државата да му исплати 500 евра на единствениот преживеан извршител на терористичките напади во 2015 година поради прекршување на право на приватност и услови на притвор, пренесува РТ.
Ставањето на Салах Абделслам под постојан надзор пред донесувањето на законот што ја легализираше таквата практика беше проценето како незаконско од Управниот суд во Версај во март 2017 година, објави „Ле Фигаро“, цитирајќи го податокот во книгата на новинарката Елса Вигуро, „Дневникот на Френк Бертон. ”
Белгискиот напаѓач бил ставен под 24/7 надзор веднаш по пристигнувањето во затворот со максимална безбедност во Флери-Мероги во април 2016 година, по наредба на министерот за правда, Жан-Жак Урво, која овозможи снимање на затворските ќелии на опасните криминалци.
Наредбата на Урво тогаш беше оспорена од Френк Бертон, адвокат на Абдеслим во тоа време, кој тврдеше дека мерките за надзор го кршат правото на приватност на неговиот клиент. Во јули 2016 година, судот во Версај го отфрл приговорот токму во време кога земјата усвои нов закон против тероризмот, кој, меѓу другото, овозможува постојан надзор на затворениците кои се сметаат за опасни за општеството.
По последователното оспорување од Бертон, Управниот суд во Версај ја осуди примената на надзор од страна на државата што му претходеше на законот и ѝ нареди на владата да исплати 500 евра, што Абдеслам, наводно, одбил да ги прифати.
Пресудата предизвика многу критики од Французите кои веднаш ја осудија сложеноста на правниот систем, кој се дрзнал да се грижи за приватноста на осудениот терорист што учествуваше во нападите во Париз, во кои загинаа над 130 луѓе и беа повредени повеќе од 400.