Mитровиќ му даде два гола на Ливерпул, но „редсите“ извлекоа бод

Одлични 2:2 на премиерата на Ливерпул во новата сезона во Премиерлигата на гостувањето кај Фулам. Лондончани можат да жалат за трите бода, затоа што два пати водеа, но Ливерпул успеа два пати да се врати.

Херој на Фулам беше Александар Митровиќ кој постигна два гола. Првиот во 33. минута кога успеа со глава да го совлада Алисон.

Во 51. минута во игра влезе Дарвин Нуњез и внесе живост во играта на Ливерпул, почнаа да се редат шанси пред домашниот гол. Во 64. минута по асистенција од Салах, Нуњез погоди со пета за израмнување на 1-1, тоа беше неговиот прв гол во Премиерлигата.

Кога се чинеше дека Ливерпул ќе тргне по победата, Вирџил Ван Дајк направи глуп пенал над Митровиќ, што Србинот го претвори во гол во 72. минута.

Сепак, Мохамед Салах во 81. минута успеа да израмни и да му донесе бод на својот тим.

До крајот на мечот гостите беа поопасни, се обидуваа да победат, ама немаа среќа. Во судиското надополнување се тресеше пречката од голот на Фулам по една бомба на Хендерсон, па така мечот заврши нерешено.

Треба да знаете
Последни објави