Плановите на Естонија да го врати споменикот на војник облечен во униформата на Вафен СС е провокација и навреда за спомените на оние што загинаа во борбите со нацистите, вели руската амбасада во земјата, пренесува РТ.
Плочата со бронзен плиток релјеф прикажува вооружен војник во нацистичка опрема, а на плочата пишува:„ За естонските мажи кои се бореа во 1940-1945 година против болшевизмот и за враќање на естонската независност”.
Таа предизвика многу контроверзии откако беше подигната на гробиштата во градот Лихула во август 2004 година. Владата нареди нејзино отстранување помалку од две недели подоцна, велејќи дека споменикот создал непотребна врска помеѓу естонските борци за независност и германските освојувачи.
Нацистичките симпатизери одржаа митинзи на местото каде што некогаш стоеше плочата. Минатата година еден таков собир привлече околу 200 луѓе.
Сепак, овој јуни локален пратеник на Конзервативната народна партија (ЕКРЕ) во парохискиот совет на Лааренана, посочи дека е крајно време да се обнови споменикот на нацистичкиот војник. Во вторникот неговата идеја беше поддржана од претседателот на естонскиот Парламент во главниот град Талин.
„Ова е многу добар проект бидејќи е споменик на естонските мажи”, објасни Хен Полуас, кој исто така е член на ЕКРЕ.
Руската амбасада жестоко го осуди планот, велејќи дека обидите за славење на поранешните борци на Вафен СС во Естонија изгледаат особено безобѕирни во годината кога се слави 75-годишнината од ослободувањето на земјата од нацистите.
„Меѓу десетици илјадници војници на Црвената армија, кои загинаа за време на битките на естонската земја, имаше многу Естонци кои не го поштедиле својот живот за да ги спречат силите на Хитлер”, се вели во извештајот.
Враќањето на споменикот на оние кои им се приклучија на СС-трупите ќе биде навреда за сеќавањето на сите што загинале во борбите против нацистите на естонска територија.