Монтевидео се тресеше- Суарез по 16 години повторно стрелец за Насионал

Луис Суарез уште еднаш го потврди својот статус како легенда на уругвајскиот фудбал, откако по пауза од 16 години повторно беше стрелец за неговиот Насионал од Монтевидео.

Во мечот од Клаузура шампионтот на Уругвај, Насионал стигна до 3:0 победа над Рентистас на преполниот „Гран Парк сентрал“ стадион, а атмосферата експлодираше кога поранешниот голгетер на Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид во 59. минута постигна убав гол по асистенција на Окампо. Посебно интересна беше реакцијата на неговата сопруга која беше на трибините.

Суарез пропушти уште една шанса за гол, кога во 84. минута од мечот промаши од белата точка.

Треба да знаете
Последни објави