Актуелниот германски фудбалски првак Баерн Минхен имаше убедлив старт во новата сезоната, декласирајќи го како гостин победникот во последното издание од Лига Европа, Ајнтрахт во Франкфурт (1:6).
Играчите на тренерот Јулијан Нагелсман водеа со 2:0 веќе по само 11 минути игра со погодоците на Џошуа Кимих и Бенџамин Павар, а до полувремето мрежата на Кевин Трап ја наполнија Садио Мане, Џамал Мусијала и Серж Гнабри, додека во вториот дел Мусијала постигна уште еден гол, а Коло Муани беше стрелец на почесниот гол з домаќинот.
Актуелниот шампион на Германија покажа зошто и оваа сезона е прв фаворит за титулата во првенството на Германија.